Како до совршено варено кафе

Изборот на кафе

Можеби и најважната работа во припремањето на варено кафе. Идеално кафе е она кое е растено на идеална надморска височина во сончевите тропски предели, одгледувани и внимателно селектирани од рацете на фармерите. Идеалното кафе е печено и мелено со посебно внимание, во најсовремени фабрики за кафе со најсовремена технологија. Токму такво е вашето омилено кафе од Рио.

Сооднос на вода и кафе

Кога станува збор за идеалниот сооднос на вода и кафе, секој има различен вкус и преференција. Наша препорака е 7-10 грама кафе (една и пол мала кафена лажица) на 150 мл вода. Изборот на вода е исто така важна одлука, колку е водата почиста толку повеќе до израз доаѓа вкусот на кафето.

Благо, средно или горко кафе (засладување на кафе)

Ова е можеби нај поставуваното прашање кога нарачувате кафе некаде. Дали сакате горко, средно или благо кафе. Кога се работи за засладување на кафето, тоа е субјективна работа и секој пие различно засладено кафе односно засладено кафе по желба.

Варење на кафето

Ставете го ѓезвето на среден до слаб оган. Најважно е да се меша кафето веднаш штом се стави во водата. Исто така важно е да го мешате додека се топи шеќерот и да бидете внимателни да не врие кафето. Процесот треба да биде бавен за да се извлече вистинскиот вкус.

Отстранување од оган

Кога кафето ќе почне да се крева, односно да се крева кајмакот, како што традиционално се нарекува кај нас, внимателно отстранете го од огнот. Почекајте неколку секунди и повторете уште еднаш или двапати за посилна пена. На секој пат кога се крева кајмакот истурате по малку во шолјата.

Сервирање на кафето

Кафето полека се истура во шолјата за кафе, како би останал кајмакот на врвот. Оставете го неколку минути пред да почнете да го пиете, како би паднал талогот од кафето на дното на шолјата.